Како што информираат од општинскиот Црвен крст , во текот на денот веќе се пријавило едно лице кое сака да донира спална соба, која потоа ќе му биде доделена на социјално- загрозено семејство од градот.
– Секој кој е заинтересиран да донира покуќнина тоа може да го пријави во просториите на Црвениот крст или во Центарот за социјални грижи каде ќе бидат поставени пултови. Исто така ги повикуваме и граѓаните кои имаат потреба од користена покуќнина, велат од Црвен крст Охрид.
Целта на акцијата е да ги задоволи основните потреби од покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, апарати за домаќинство, опрема за деца, велосипеди и друго, на сите граѓани кои не можат да обезбедат средства за купување на овие работи.
Како што беше истакнато од министерството за труд и социјална политика, Акцијата ќе се одвива според принципот “КОЈ ПРВ ЌЕ СЕ ЈАВИ, ТОЈ ПРВ ЌЕ БИДЕ УСЛУЖЕН”.