Хуманитарен хепенинг во охридската гимназија за помош на младиот Мартин
25.04.19 18:24
Гимназија „Св. Климент Охридски“
Од 26.04.2019 - 20:00 до 26.04.2019 - 22:00
Во организација на ученици од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, во училишната спортска сала, на Велики Петок, 26 април, со почеток во 20 часот, ќе се одржи хуманитарен хепенинг за помош на Мартин Стојаноски на кого му се потребни финансиски средства за лекување во Москва, Русија. 22-годишниот голман и член на ФК „Лабуништа“ се здоби со тешки телесни повреди во страотна сообраќајна несреќа пред неколку месеци.
На хуманитарниот хепенинг ќе настапат диџеј Мартино и диџеј Пако.
Влез 100 денари.
Средствата кои ќе бидат собрани на настанот ќе бидат донирани на младиот Мартин.
Граѓаните можат да му помогнат на Мартин и преку донации на мобилните оператори: Телеком 143 107 и ВИП 143 462.
Поради продолжување со активностите околу санацијата на големиот дефект на водоводната мрежа кој настана вчера (пукната е цевка со профил ф500 мм) и денес од 11:00 часот неколку часа без вода ќе би...
Од 13 до 15 ноември, „Home Center“ во Охрид ги пречекува посетителите со попусти на новогодишниот асортиман, намалени цени на дел од останатата понуда и послужување за сите Празничната атмосфера по...
Форумот на словенските култури, во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, организира меѓународна работилница под наслов „Заштита и промоција на културното насле...