На летната тераса на хотел „Палас“ – Paulaner Beer Garden, вечерва со почеток во 19 часот ќе се одржи хуманитарен концерт за поддршка на младата охриѓанка Елена, која се бори со тешка болест и има потреба од скапо лекување во странство.
На концертот ќе настапат Група Сарај, Група Везилка, Балканикос, Група Фросина, Ѓоко Танески, Ана и Михаела, додека за загревање на атмосферата ќе биде задолжен DJ JAYBEATS.
Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат на хуманитарната акција и со своето присуство да дадат поддршка за Елена. Влезницата чини 100 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за нејзиното лекување.
Да бидеме хумани. Да подариме надеж. Да покажеме дека музиката има сила да обединува, порачуваат организаторите на настанот.
OhridNews













