Во среда, 14 декември, во ОМУ Методи Патче, на иницијатива на Лајонс клубот Лихнидос, ќе се одржи хуманитарен концерт. Во таа прилика клубот на музичкото училиште ќе му подари две школски виолини наменети за талентирани ученици, кои ќе отсвират неколку мелодии одбрани за таа прилика.

Концертот започнува во 19 часот. 

Влезот е бесплатен, а присутните ќе може да донираат парични средства по сопствена волја за поддршка на млади таленти од Охрид.

ЛК Лихнидос во континуитет ги поддржува младите и талентирани музичари од Охрид. Клубот преку хуманитарни активности набави клавир за талентиран музичар, а на ОМУ „Методи Патче“ му подари хармоника за обука на учениците.

OhridNews