На иницијатива на учениците од ОУ „Кочо Рацин“, во петок со почеток во 18 часот, во салата во Долно Лакочереј ќе се одржи хуманитарен концерт на кој од страна на основците ќе бидат изведени бројни драмски и музички точки.

Не радува ваквата иницијатива која потекна од самите ученици со што покажаа дека се хумани и се подготвени во секое време да им помогнат на своите соученици, велат од училиштето. 
 
Идејата е собраните средства да бидат наменети за нивни соученици на кои им се потребни финансиски средства.

OhridNews