
Средствата од концерот ќе бидат наменети за набавка на учебници и помагала, како и за друга помош на децата со оштетен вид.
Концертите ќе продолжат во сите градови во Македонија, а завршниот концерт ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Собраните средства и донации ќе бидат прикажани во документарниот филм што ќе го направи продуцентската куќа „Токсикологија“. Билетите за првиот концерт се со симболична цена од 100 денари и ќе може да се набават на самиот влез од арената „Билјанини извори“, како и на плоштадот во Охрид.












