Клубот на млади при Црвен Крст – Охрид во рамките на активностите на ПХВ проектот утре од 15 часот организизира Хуманитарен кошаркарски турнир во спортската сала „Билјанини извори“. На турнирот ќе учествуваат екипи од основните и средните училишта од Охрид.
Оваа група млади хуманитарци преку овој проект имаат за цел да помогнат во уредување и реновирање на простор во Установата за малолетни престапници кој би добил мултимедијално – едукативен изглед. Со купена влезница од 100 ден ќе можете да допринесете оваа хуманитарна акција успешно да се реализира, велат од Црвен крст Охрид.

Секоја година над 1000 младинци се обучуваат и излегуваат на терен за преку своите проекти да помогнат во решавањето на некој реален проблем во нивната заедница.
OhridNews














