Хуманитарен настан „Од срце за Бојан Крстески“ ќе се одржи на полигонот од поранешната Касарна во организација на Младински Центар Охрид, предводен од Коалиција на младински организации СЕГА, во петок на  7-ми април.

Активности ќе има преку целиот ден, урбана уметност, пинг понг турнир, шах, јамб, уно итн., а од 15 до 19 часот ќе се пушта музика на звучници, DJ set на DJ Martino. Дојдете за уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост и со тоа да помогнеме во лекувањето на 23 годишниот Бојан, информираат од Младинскиот центар.

На Бојан му е потребна итна трансплантација на црн дроб која треба да се изврши во болница во Рим. Ова е втор хуманитарен настан кој го организира Младинскиот Центар за Бојан и велат тука не застануваат се додека е потребна помош.

OhridNews