Концертот кој ќе се одржи во среда во Центарот за Култура „Григор Прличев“ во Охрид се организира традиционално, по пети пат, а средствата од продадените влезници ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Влезниците за концертот изнесуваат 100 ден, и ќе можат да се набават во Галерија „Букефал“, или на влезот, пред почетокот на концертот.
Во рамки на концертот Лајонс Клубот Охрид ќе го додели Годишното признание „Горна Порта“ , кое се доделува на поединци, организации или здруженија, кои со својот професионален или приватен ангажман, постигнале успех во сферата на хуманизмот, културата, науката и уметноста, промовирале граѓански вредности и придонеле за афирмација на Охрид и Република Македонија.