Во рамки на одбележувањето на патрониот празник на Охрид, “Св. Климент Охридски“, во организација на Општина Охрид, Црвен крст – Охрид и РК Охрид 2011, на 9 декември 2012 година (Недела) во СРЦ “Билјанини извори“ со почеток во 17 часот под слоганот “Го сакам Охрид“ ќе се одржи хуманитарен ракометен натпревар измеѓу РК Охрид 2011 и Ветераните на охридскиот ракомет.

Средствата собрани од овој натпревар ќе се наменат за обезбедување спортска опрема во градинките во Охрид, а дел и како помош за инвалидизираните лица.

Ohridnews