Ракометарите на Охрид в петок во 19 часот ќе одиграат натпревар со легендите на охридскиот ракомет и ќе ја поддржат хуманитарната мисија „Заедно за подобар детски живот“.

Поддршката на хуманитарната мисија нема да е прва на охридските ракометари и легенди кои на седми декември 2012 година одиграа натпревар од кој собраните средства беа наменети за здружението за посебни потреби “Зраци“.
Претходно хуманитарната акција ја поддржаа и збогатија македонските репрезентативци кои беа на подготовки во Охрид.
Мх.П.











