Хуманитарна акција денес и утре во Струга во организација на Комисијата за еднакви можности при Советот на Oпштина Струга, заедно со координаторот на проектот, во соработка со Црвен Крст Струга и Центар на заедницата, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената 8-ми март, а во рамки на реализација на годишната програма за активности од областа на еднакви можности меѓу жените и мажите во Општина Струга за 2022 година.

Хуманитарната акција се состои од собирање на чиста облека, храна и хигиенски средства која ќе се донира во семејства од социјално ранливи категории, корисници на социјална парична помош и самохрани родители, велат од Комисијата.

Упатуваат повик до сите хумани луѓе, чистата, неоштетена облека која не ја користат, храна и хигиенски средства да ја достават во Сала на Советот на Општина Струга (до зграда на Народна одбрана) денес и утре во периодот од 10.00- 14.00 часот

Затоа што нашето малку, за некого е многу! Да бидеме хумани, да поделиме од она што имаме, со оние кои немаат!, додаваат од Комисијата.

OhridNews