Под мотото „Не секогаш е хуман оној што има, но секогаш може да биде хуман оној што сака“, Форумот на жени на општинската организација на СДСМ oд Охрид вчера организираше хуманитарна акција по повод 3-ти Декември, Светскиот ден на лицата со хендикеп.

-Жените-социјалдемократи подготвија вкусни кулинарски специјалитети кои потоа ги изложија на продажба пред своите сопартијци. Со оваа хуманитарна акција имаме за цел да упатиме порака до лицата со хендикеп дека СДСМ секогаш ќе се залага за подобрување и олеснување на условите за живот на оваа категорија луѓе, нивно поинтензивно вклучување во општествениот живот и во процесот на трудот, затоа што длабоко сме убедени дека силата не произлегува од физичката конструкција туку ид нескршливоста на волјата,информираат од оваа партија.

Средствата кои биле собрани во рамки на оваа хуманитарна акција ќе бидат донирани во Здружението родители на деца заболени од целебрална парализа.

OhridNews