,,Дарувај од срце” е мотото на хуманитарната акција, која денеска ќе ја организира клубот на жени на СДСМ од Охрид, по повод Новогодишните и Божиќните празници.

Целта на хуманитарната активност е собирање на топла облека и обувки, кои ќе бидат предадени на Црвениот крст од Охрид.

Во акцијата ќе може да се приклучат сите граѓани кои што сакаат да излезат во пресрет на социјално загрозени семејства.

OhridNews