,,Дарувај од срце” е мотото на хуманитарната акција, која ќе ја организира Клубот на жени на СДСМ од Охрид, по повод Новогодишните и Божиќните празници.
Целта на хуманитарната активност, која ќе се реализира во сабота на 17-ти декември е собирање на топла облека и обувки, кои ќе бидат предадени на Црвениот крст од Охрид.
Во акцијата ќе може да се приклучат сите граѓани кои што сакаат да излезат во пресрет на социјално загрозени семејства.