В недела во 20:00 часот на полигонот за мали спортови во Охрид навивачката група „Рибари“ ќе има хуманитарна акција.


„Рибарите“ ќе собираат парични средства за нивниот другар Андреј Коруновски, за лекување на црниот дроб во Турција за што се потребни 20 000 евра.

Охридската навивачка група ги повикува сите нивни членови, љубители на спортот и граѓаните на Охрид да помогнат во собирањето средства.
 

Мх.П.