Учениците од V3 одделение од основното училиште „Григор Прличев“, самоиницијативно се вклучија во акцијата за собирање на парична помош за охриѓанката Јана Арсовска.

По повод Новогодишните празници, учениците организираа продажен саем на кој ги продаваа рачните изработки (изработени на часовите по ликовно образование, творештво и англиски јазик). Во активностите зедоа учество и родителите кои ги купуваа изработките, како и наставничките Славица Мојсоска и Елена Пендова кои ги организираа работилниците за иработка.

Учениците беа едногласни собраните средства да бидат дадени како помош. Истите беа уплатени од страна на родител на соодветната жиро сметка.

OhridNews