Општинскиот Црвен крст, втора година по ред,  организира хуманитарната акција по повод  Неделата на солидарност. Овој пат, на еден поразличен начин, преку акција која ќе се спроведува од куќа на куќа, под мотото „Вашиот прилог – значајна помош“.

Како што појасни Анета Јованоска од општинскиот Црвен крст, младите волонтери кои ја спроведуваат акцијата, носат униформи од Црвениот крст и делат талончиња на кои се запишуваат донациите.


Волонтерите ќе одат од куќа на куќа и ќе им нудат талончиња на домаќините. Секој кој сака да донира нешто, може да го напише износот на финансиите во денари на двете делови од талончето. Доколку станува збор за прехранбени производи, ќе треба наведат за што станува збор, рече Јованоска.

Делот од талончето со името и адресата на донаторот се внесува во плика, кои потоа се носат во Црвениот крст, каде се сумираат резултатите со цел да се добие точна  слика со колкави средства ќе може да им се помогне на ранливата категорија граѓани.


– Социјалните пакети кои ќе се оформат со средствата  или производите кои ќе бидат собрани, ќе се распределуваат според нашата евиденција со која се опфатени сите лица кои во изминатите две години дошле во општинскиот Црвен крст и се обратиле за помош. При распределуцвање на помошта секогаш се обидуваме тоа да се врши рамномерно, потенцира Јованоска.

Акција започна синоќа и ќе трае до 17- ти април.

OhridNews