Млади волонтери од Црвен крст – Охрид организираа хуманитарна акција „Појадувајте со нас, разбијте ја тишината, подарете светлина“. На малиот плоштад кај фонтаната, утринските минувачи имаа можност од штандовите да купат по симболични цени разни пекарски производи од повеќе охридски пекари.

 

Собраните средства ќе одат за купување помагала кои ќе овозможат полесно комуницирање на децата со посебни потреби од Здружението на глуви и наглуви и Здружението на слепи од Охрид и Дебрца. Координаторот на акцијата д-р Сашо Точко беше исклучително задоволен од ангажманот на волонтерите и нивното несебично залагање како и од хуманоста на граѓаните кои помогнаа акцијата да биде успешна.

С. К.