Група жени- хуманисти утре во струшкиот ноќен клуб “Оаза” организираат хуманитарна акција, дневна забава- маскенбал. На неа ќе присуствуваат деца од дел од основните училишта во Струга .
Собраните средства од влезниците ќе се донираат за потребите на Рекреативниот центар „Порака Нова“ во Струга, наменет за лицата со интелектуална попреченост. Лицата кои го посетуваат центарот по 4 часа неделно, се на возраст од 6 до 50 години.












