На 26- ти февруари, среда, во 9 и 30 часот во детската градинка – објект ,,Централна‘‘, во соработка со Здружението за заштита, помош и унапредување на статусот на маргинализирани групи граѓани „ Градиме иднина“ ќе се спроведе хуманитарна акција за собирање на користена облека, играчки, обувки.
Собраната облека ќе биде наменета за потребите на децата сместени во детските домови, домот за доенчиња и мали деца во Битола, интернатите во кои се згрижени деца со социјален ризик и згрижувачки семејства низ Македонија, како и за социјално ранливите категории граѓани и маргинализирани категории, деца од семејства со социјален ризик, самохрани родители, загрозени семејства и слично.
OhridNews