Со хуманитарна забава, вечерва од 22 часот ќе биде одбележан првиот роденден на локалното Здружение за заштита, помош и вдомување животни, „Анималиа“ од Охрид.
Собраните средства од влезниците кои ќе чинат симболични 100 денари, ќе бидат искористени за подмирување на долговите на здружението по основ ветеринарни услуги и набавка на опрема за животните.
Настанот ќе биде збогатен со настап на охридската „хард-рок“ атракција, The Backdoor Band.
OhridNews