Oвој петок, 22. ноември, со почеток од 20:00 часот во кафé и бар Шила во организација на Lions Club Ohrid ќе се одржи забава и изложба на слики од канадскиот уметник со охридско потекло Мајкл Клос.

Влезница за настанот чини 300 ден., а сликите ќе се продаваат по 500 ден.

Собраните средства ќе бидат донирани за социјално загрозени семејства.

Престојниот настан е уште еден во низата квалитетни културни вечери организирани во „Шила“ – концептуален бар и кафѐ кој се истакнува како алтернативна арт-сцена во Охрид. „Ги охрабруваме креативците од сите сфери да нѐ контактираат во врска со промоција на нивниот труд. Отворени сме за соработка и споделување на уметноста во секоја нејзина форма“– порачуваат од менаџерскот тим.