Охридската изложба на која посетителите ќе имаат можност да видат 30 дела- скулптури изработени од дрво, ќе биде отворена истовремено со уште две изложби на Цингулоски во Скопје и Свети Николе. Изложбите имаат хуманитарен карактер.
– Цените на изложените дела ќе бидат со прифатливи цени, а 50% од остварените приходи ќе ги донирам за децата во СОС Детското село, вели Цингулоски.

Досега Цингулоски има одржано седум самостојни изложби. Тој е авторот на најдолгата скулптура во светот џиновската „Јагула“, долга 170 метри која ја изработи по повод 50-от јубилеј на фестивалот „Охридско лето“, а минатата година беше поставена кај плажата Куба либре.












