Во рамки на традиционалната хуманитарна акција по повод Неделата на борба против гладта, што Црвен крст Охрид ја организираше од 16-23 октомври, денес на 70 социјално загрозени семејства од Охрид и Дебрца им беа поделени хуманитарни пакети со прехрамбени производи и топла облека.
Во име на корисниците на ова помош Црвен крст изразува голема благодарност на сите поединци, фирми и институции кои ја помогнаа ова хуманитарна акција.