Изминатиот викенд, во хотел Инекс Горица се одржа интернационална хуманитарна акција, по повод 9-тиот роденден на Лајонс клуб Охрид Десарети.

На настанот присуствуваа повеќе од 170 гости од земјава и странство, меѓу кои раководството на дистрикт 132, претставници од лајонс клубовите Охрид, Лихнидос и Деница од Охрид, претствници на повеќе клубови од Скопје, на дистрикт 130 Бугарија, лајонс клуб Велико Трново, лајонс клуб од Поградец, Албанија, претставници од лајонс клуб од Велика Британија, Ротари клубот од Охрид и видни личности од бизнис секторот од Македонија.

На свеченоста која имаше интернационален карактер, лајонс клубот Охрид од Охрид се збратими со лајонс клубот Велико Трново, кои заедно со ЛК Десарети ја реализираа хуманитарната акција „БИДИ ЧОВЕК, БИДИ ХУМАН“ за грижа и помош на децата. Средствата од оваа интернационална донаторска акција на Лајонс клуб Десарети, Охрид и Велико Трново, ќе бидат наменети за уредување и опремување на кабинет, односно паралелка за деца со посебни потреби во основното училиште „Св.Климент Охридски“.

Кон донацијата се приклучија Хотел Инекс Горица, Лабино Саунд, Ту мадерс брадерс шоу, Мега продукција и С-Дизајн од Штип (донација за Охридските ангелчиња).

OhridNews