Утре, со почеток во 21 часот во хотелот Инекс Горица, Лајонс клубот “Десарети” со хуманитарна роденденска прослава ќе го одбележи своето четиригодишно постоење и делување.

На прославата ќе присуствуваат видни личности на Лајонизмот од Македонија и од странство.  

Лајонс клуб “Десарети” е хуманитарна организација која делува на територијата на Охрид. Својата благородна мисија да се помогне на старите лица, болните, немоќните, сиромашните, хендикепираните, талентираните и на сите на кои им е потребна помош ја остварува преку своите волонтери, членови на големото семејство на лајонисти ширум светот.

OhridNews