Во рамките на ЦКА – ПХВ циклусот за 2023 година една од групите која работи на социјален проект организира хуманитарна свирка на со почеток во 14 часот на Градскиот плоштад, информираат од Црвен крст Охрид.

Групата која ја организира свирката има за цел да обезбеди финансиски средства за помош на деветчлено социјално загрозено семејство кое живее во лоши услови. Ги покануваме сите хумани граѓани да се придружат, да се забавуваат и заедно да придонесат кон подобрување на условите за живот на ова семејство, додаваат од Црвен крст Охрид.

Инаку, ПХВ (Промоција на хумани вредности) е национална програма што се спроведува повеќе од 20 години и за цел има подигање на свеста, помагање на ранливите категории на население во заедницата, намалување на дискриминација и одржување на екологијата, односно да дејствува на сите сфери во општеството.

OhridNews