Утре СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид во соработка со ЈП “Билјанини извори”-Охрид организира хуманитарна трка “Од срце трчај со срце дарувај за Кочани”.

Трката ќе се одвива на потегот од почетокот на кејот пред „Харбор’’ до „Куба Либре“ со должина од 3 км. Средствата ќе бидат наменети за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. Трката ќе биде во категории ученици, наставници и родители, информираат од СОСУ “Св.Кирил и Методиј”- Охрид.

Настанот, посочуваат, ќе започне во 11.00 часот со кратка програма и загревање на учесниците, а кутии за донации ќе бидат поставени во должина на Кејот Македонија.

Собраните средства ќе бидат донирани на семејствата на жртвите на несреќата во Кочани. Ги покануваме нашите сограѓани уште еднаш да ја покажат својата хуманост на дело, додаваат од училиштето.

OhridNews