Велосипедскиот клуб „Вело Фаланга“ од Струга денес организира ноќна велосипедска тура околу Охридското Езеро.

Стартот на вело турата во Струга е на плажата “Галеб“ во 17:30 часот, додека во Охрид е на паркингот пред спортски центар “Билјанини Извори” во 18:30 часот. На двете стартни позиции ќе има поставено донаторски кутии. Ќе се вози на релацијата „Залив на коските”, пат за Галичица, граничен премин „Св.Наум” Поградец, каде што ќе има пауза од 1 час, Лин, граничен премин „Ќафасан”, финиш на турата во Струга. На сите попатни станици ќе има вода и патна храна за учесниците, велат организаторите.
Посочуваат дека должината на турата е 92км., елевација 900м., тежина 7/10.
Секој учесник треба да биде физички подготвен, да има технички исправен велосипед, резервна гума, светлосна сигнализација за ноќно возење, флуоресцентен елек, патна храна и вода. Со себе да поседува и важечка лична карта или пасош. Секој учесник вози на сопствена одговорност и треба да ги следи препораките за безбедност од страна на организаторот, а по пат ќе имаме и техничка поддршка од возило, додаваат.
За безбедно учество во сообраќајот, учесниците на вело ноќната тура, потенцираат од Велосипедскиот клуб „Вело Фаланга“ ќе бидат придружувани од моторциклист полициски службеник од СВР Охрид.
OhridNews










