Во рамки  на  програмата Црвен крст во акција промоција на хумани вредности , во недела, 26- ти јануари, со почеток во 20 часот во кафе бар Шила , младите волонтери од општинската организација организираат хуманитарна забава насловена : „Со Тоше во срцата, со љубов кон децата“.

Влезницата ќе чини 100 денари, цена во која е вклучен и еден пијалок.

Собраните средства ќе бидат наменети за оплеменување и украсување на просториите во О.У. „Св Климент Охридски“ каде престојуваат деца со посебни потреби.