Под мотото ,,СО ТОШЕ ВО СРЦАТА, СО ЉУБОВ КОН ДЕЦАТА”, младите на Црвен крст Охрид, на 28- ми јануари, сабота, организираат забава во ноќниот клуб “Revolution” со почеток во 20 часот па се до полноќ. На забавата ќе настапат млади музички таленти од Охрид кои ќе изведуваат композиции на Тоше.
Се покануваат граѓаните масовно да ја поддржат акцијата и да бидат дел од хуманитарната забава, со цел да им се помогне на ранливите категории луѓе во Охрид и Дебрца.
Цените на влезниците и пијалоците ќе бидат достапни за сите посетители.