По повод роденденот на прерано почината музичка ѕвезда Тоше Проески и оваа година,  традиционално, волонтерите на општинскиот Црвен крст, 25- ти јануари, роденденот на Тоше ќе го одбележат со хуманитарна забава  во клубот ,,Харем“. Влезницата со вклучен пијалок ќе чини 100 денари.

Собраните средства се наменети за поддршка на малите проекти во рамки на програмата Црвен Крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) , која претставува Национална алатка за регуритирање и задржување на волонтерите во редовите на организацијата на Црвениот Крст, која изминатата година одбележа 15 години од процесот на својата имплементација на целата територија на Република Македонија.

Во проектот вклучени се сите 34 Општински организации на Црвен крст во нашата земја, како и во градската организација на Црвен крст на град Скопје, преку кои се регрутираат млади волонтери на Црвениот крст на возраст од 14 до 18 години, кои добиваат соодветна обука за дисеминација, за културата на дијалог како основен предулсов на градење на интеркултурно општество, препознавање на потребите на заедницата и изработка на хуманитарен проект. Минатата година беа изработени рекордни 153 проекти за добробит на заедницата преку кои беа помогнати преку 2500 лица.

OhridNews