Игралиште Стобекс

Од 03.09.2020 - 20:30 до 03.09.2020 - 23:59

На игралиштето Стобекс во населбата Видобишта, во четврток, 3 септември, ќе се одржи хуманитарната забава за нашиот сограѓанин Трајан Целески ТАЧО, на кого му е потребна финансиска помош за повторно да ја победи  тешката болест.

Инфо и резервации: Бојан 071 537 663

На забавата која ќе се одржи согласно сите мерки и препораки за заштита од коронавирусот, ќе настапат  познатиот охридски бенд Броз и диџеј Јован. Бројот на влезници е ограничен.

Влезницата е 100 денари, а пијалакот ќе се продава по промотивна цена.

Сите собрани средства ќе бидат уплатени на сметката за донации.

Хуманитарниот концерт за Тачо почнува во 20:30 часот.

OhridNews