Предвидено е најмладите да се забавуваат од 18 часот и 20 минути, а повозрасните од 21 часот. Најавено е учество на повеќе естрадни уметници од Охрид и Македонија, а можност да изведат композиции од Тоше ќе имаат и музички талентираните сограѓани.
– Преку песните на Тоше и сеќавањето на неговите хумани дела, да ги поттикнеме чувствата на хуманост кај нашите сограѓани за масовно да ја поддржат оваа хуманитарна активност, велат од Црвениот крст.