Во петок, 31-ви јануари, со почеток во 21.30 часот, во кафе бар Аквариус, Охрид уште еднаш ќе докаже колку е хуман! Ќе се одржи забава со групата „Броз“ за помош на Ева на која и се потребни парични средства за да го продолже лекувањето.

Настанот е поддржан од LABINO SOUND и Terazza Aquarius. Влез е 100 денари.

  • Дојдете за уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост и со тоа да помогнеме во лекувањето на 12-годишната Ева. Да направиме таа повторно да ја види светлата страна на животот!, порачуваат организаторите на настанот.

На Ева и’ беше дијагностициран тумор на мозокот. Сега и се потребни парични средства за да го продолжи лекувањето со радиотерапија и да продолжи да се радува на нејзиниот живот.

OhridNews