Аквариус

Од 29.11.2019 - 21:00 до 30.11.2019 - 01:00

Во организација на Клубот на млади при општинскиот Црвен крст, во петок, 29-ти ноември, со почеток во 21 часот, во кафе бар Аквариус, ќе се одржи забава со хуманитарен карактер за да му се помогне на охриѓанецот Трајан Целески-Тачо. Ќе настапат бендот Броз и Ансамбл Билјана.

Трајан Целески – Тачо е 30 годишен охриѓанец, истакнат атлетичар и спортист. Пред 2 години Тачо се избори против тумор на мозокот, но болеста повторно му се врати. Треба да замине на лекување на 30.11 поради критичната состојба.

Можете да донирате и на трансакциската сметка во Стопанска банка со број 500600018999581. Тачо со неговата храброст, борбеност и амбиција мотивира многу луѓе да не се откажуваат од своите сништа, а сега време е целиот град да го поддржи да ја победи болеста!

ОД СРЦЕ ЗА ТАЧО!

OhridNews