Интернационалната хуманитарна организација „АДРА“ и оваа година преку проектот „Децата ги помагаат децата“ испрати новогодишни пакетчиња за децата од најранливата категорија кои учат во училиштето „Братство Единство“ во Охрид.

-Искрените и топли детски желби кои допатуваа од нивните врсници од Германија ја исполнија со среќа и радост чистата детска душа и среќна насмевка која ги красеше нивните лица кога ги примаа подароците. Учениците од нашето училиште ги поздравија гостите со мала приредба и со песни за Дедо Мраз кој не знае за нации и граници, туку подеднакво им дели подароци на сите деца, информираа од училиштето.

Оттаму нагласуваат дека и во иднина ќе ја продолжат соработката со оваа хуманитарна организација со надеж дека ќе бидат реализирани нови заеднички активности и  проекти.