Хуманитарен концерт за помош на млад сограѓанин се одржа синоќа во Центарот за култура во Охрид. На концертот настапија хуманите “Backdoor band”, “Two Mothers Brothers”, Мартина Целеска и Натали Илијоска.
Хуманитарниот концерт го подржаа граѓани, медиуми, општествено одговорни компании, како и навивачката група „Рибари“.
Од продадени влезници на концерот беа собрани околу 37.000 денари, кои ќе бидат донирани за лекување на 24 годишно момче од Охрид заболено од рак.
Хуманите граѓани, организации и компании, исто така, можат да ја помогнат акцијата со донирање на средства на следната жиро сметка: Студентски парламент при ФТУ Охрид, жиро сметка – 210 0564073301 73, Тутунска банка, со цел на дознака: „За помош на Никола Петрески“.
OhridNews