Хуманитарно продажна акција на фотографии од проектот „Охрид град на цвеќето“ од авторот Петар Боев, ќе се одржи вечерва во 20ч.лаунџ бар „Објектиф“.

Ќе бидат изложени 40-на уметнички фотографии од познатиот охридски фотограф Петар Боев, кои ќе бидат ставени на продажба по цена од 1000 денари за фотографија.

Средствата од продажбата на фотографиите ќе бидат донирани за опремување на новите простории на детската градинка „Јасна Ристеска“.

Хуманитарната акција е поддржана од Ј.П.„Охридски Комуналец“, Општина Охрид и Лаунџ бар „Објектиф, а медиумски покровители се „OhridNews“, Телевизија „Тв М“ и „МХ“ Радио.












