На крводарителската акција, што под мотото “ОХРИД СПАСУВА ЖИВОТИ” се одржа денеска на градскиот плоштад, во организација на Црвен крст Охрид и општина Охрид, собрани се 62 единици крв.

-Особено радува фактот што преку 70% од дарителите беа млади луѓе кои влегуваат во водите на хуманоста со дарување на најдрагоцената течност.-информираат од Црвениот крст.

На денешниот Светски ден на прва помош, покрај крводарителите, хумани беа и голем број посетители на пунктовите за укажување на прва помош на Црвен крст Охрид.

Тие од инструкторите по прва помош имаа можност да се запознаат со основните техники за укажување на прва помош и спасување живот. На градскиот плоштад, тимот волонтери на Црвениот крст имаше реалистичен приказ на повреди и заедно со екипата за укажување прва помош изведенеи беа неколку атрактивни показни вежби на спасување повредени, според соодветно сценарио.

Црвен крст Охрид изразува благодарност до сите хумани граѓани кои, директно или индиректно ги помогнаа хуманитарните активности.

OhridNews