По пауза од цели петнаесет години “милионерите“ од Дортмунд се во финалето од Лигата на Шампиони. Таму стигнаа откако со севкупни 4-3 го елиминираа најтрофејниот клуб во ова натпреварување Реал Мадрид.
– Знаевме дека ако први дадат гол ќе ја “вовлечат“ публиката во игра и ќе добијат ветар во грбот. Во текот на целиот меч ја имавме контролата, додека во финишот лесно можеше да се повтори мечот против Малага. Пласманот во финалето е остварување на сонот на еден фудбалер, посебно кога тоа се игра на таков стадион каков што е Вембли – рече столбот во “жолтата“ одбрана Матс Хумелс.
– Нивниот притисок во вториот дел резултираше со два погодоци. Ние сме добар клуб и заслуживме да одиме понатаму.Не сум размислувал за Вембли, вечерва ќе славиме а за финалето ќе размислуваме од утре – рече играчот за врска Кевин Гроскројз.
За Борусија Дортмунд ова е прво финале во Лигата на Шампиони по 1997 година кога го совладаа Јувентус со 3-1.
ЛШ : Се местат коцките за германско финале на Вембли (видео)
Мурињо : “Навивачите повеќе веруваа во нас отколку ние самите“
Медиуми : “Реал е во аут“ (фото)
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com