Познатата компанија за спортска опрема „Hummel“ изработи специјални брендирани патики за капитенот на Македонија, Кирил Лазаров кој ќе ги носи на Мундијалот во Франција.
Патиките се во боите на Македонија, а на страните од патиките стои името на нашиот најдобар ракометар и бројот 7 кој го носи на националниот дрес.
Капитенот ги сефтоса патиките на тест средбите со Босна и Херцеговина, но тие официјално се за настапот на Македонија на Светското првенство.
OhridNews