Во рамки на своите активности Lions клубот „Лихнидос“ продолжува со акцијата „Хуманост без граници“ за помош на ранливите категории граѓани и на институциите на кои таа им е неопходна.
Деновиве лавовите од „Лихнидос“ во Општата болница во Охрид донираа 8 телевизори кои подеднакво се распределени во геријатриското одделение и хирургија. Одделот за анестезија доби еден климатизер, а 5 компјутери со поддршка за мрежно поврзување му беа подарени на одделението за радиологија.
Споменатата помош е дел од хуманитарните активности на Lions клубот „Лихнидос“, од каде во наредниот период најавуваат раализиција на повеќе проекти од поширок јавен интерес.












