По завршувањето на фантастичната сезона со Баерн Минхен, во која освои три трофеи Хуп Хејкенс најави дека ќе паузира од фудбалот една година.

68-годишниот стратег имаше отворени понуди од неколку европски гиганти, но тој се одлучи да паузира.

Сезонава “баварците“ со него на клупата освои тројна круна и го направија најголемиот успех во историјата на германскиот клуб.

Неговото место во Баерн Минхен ќе го наследи Пеп Гвардиола, кој ќе има исклучително тешка задача да го повтори успехот на “стариот лисец“.

Мх.П.