Во најголемата спортска арена „Борис Трајковски“ пред полни трибини и фантастична атмосфера Металург во првиот осминафинален натпревар го совладаа Данскиот првак, Колдинг 23-17 и е пред повторување на минатогодишниот успех. Чуварот на мрежата на Колдинг, Каспер Хвид, кој е најискусен во екипата имаше само пофални зборови за Металург и атмосферата која никој не го остави рамнодушен.


– Во реваншот се надевам дека ќе играме многу подобро, особено во поглед на реализацијата на контанападите. Мислам дека шансите ни се с` уште 50-50 и се надевам дека в недела ќе славиме во арената „Тре-фор“ во Kолдинг. Салата мора да биде исполнета до последното место и ќе ни треба поддршка 110 отсто во сите 60 минути, ако сакаме да оствариме севкупна победа во двомечот – рече данскиот голман.

Со 6.963 гледачи на трибините дуелот   помеѓу Металург и Колдинг беше најпосетен во првите осминафинални натпревари во Лигата на Шампиони.

Мх.П.