Оперската ѕвезда Дмитри Хворостовски, кој со голем спектакуларен концерт утре  ќе го  отворои 53-то издание на фестивалот „Охридско лето“, во придружба на првите луѓе на фестивалот директорката Елизабета Јанкуловска и селекторите Гордана Јосифова Неделковска и Ѓорѓи Јолевски , и претседателот на УО Зоран Велјаноски Летра, беше примен од претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов во претседателската вила „Билјана“.


Воодушевен од прекрасниот поглед на езерото и градот, Хворостовски изјави дека глетката е доволна за да се чуствува како во рајот.

-Не ми  треба ништо друго. Доволно е ова место за да ја имам врската со бога, рече славниот уметник кој беше импресиониран од тоа што го слушна од  Иванов, за културното наследство и вековната историја.  Хворостовски  слушна и за бројните цркви во Охрид, за пастрмката како ендемичен вид, бисерното езеро.

Ѕвездата на годинашното издание на фестивалот „Охридско лето“, оперскиот пејач Дмитри Хворостовски, во Охрид престојува со својот 10 годишниот син .

Неговиот настап на „Охридско лето“   е прв во регионот.

OhridNews