Познатиот баритон, оперската ѕвезда од Русија Дмитри Хворостовски, кој ќе настапи на отворањето на „Охридско лето“, денеска имаше едночасовна прошетка по Охридското езеро.

Хворостовски воодушевен од природните убавини, изјави дека најголем впечаток му оставила црквата  Канео,  за која рече дека е најуникатното нешто што досега го видел.

Во друштво на неговиот десетгодишен син Максим и диригентот Константин Орбелиан заедно со директорката на „ Охридско лето“ Елизабета Јанкуловска и музичкиот селектор Гордана Јосифова Неделковска, маестро Хворостовски на крај од прошетката ручаше во кафаната Потпеш на самиот брег од езерото.

OhridNews