Расте списокот на осудени лица кои побегнале од затворите во Македонија. На него од вчера е и познатиот член на таканаречената Кондовска група Агим Красниќи, кој по слободниот викенд не се вратил во затворот во Штип.

Красниќи од 2008 година издржуваше казна затвор од 15 години.

Од штипскиот затвор информираат дека Красниќи повеќе пати имал користено слободни викенди и секогаш навремено се враќал, поради што немало сомнеж дека може да побегне.

OhridNews