Четирикратниот првак во Лигата на Шампиони, Баерн Минхен на “Алијанц“ арената го понижи швајцарскиот Базел победувајќиго со 7-0. “Баварците“ налутени по миниманиот пораз од првиот меч,  на реванш натпреварот до врв ја наполнаа мрежата на швајцарците. Избраниците на Хенкенс, ја копираа Барселона, која една недела претходно, со седмица го почасти Леверкузен.


Канонадата кон голот на Базел ја започна, холанѓанецот Робен, Милер го дуплираше водвството. Со четири погодоци во низа Гомез ги отпиша, швајцарците додека Баерн Минхен на седмо небо го прати Робен со вториот погодок на мечот.


Мх.П.